Трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп треба да предизвика „марш кон независност“ на Европа, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард.
„Тој (Трамп) го нарекува „Ден на ослободувањето“ во САД, но мислам дека тоа е момент кога заедно треба да одлучиме да ја земеме нашата судбина повеќе во свои раце и мислам дека тоа е марш кон независноста“, изјави Кристин Лагард за радиото „Франс Интер“, опишувајќи ја ситуацијата како „егзистенцијален момент за Европа“.
По челикот и алуминиумот, а пред царините за автомобилите, американскиот претседател планира во среда да ги воведе своите таканаречени „реципрочни“ царини, кои ќе ги променат правилата на светската трговска игра.
Трамп синоќа изјави дека мерките ќе важат за „сите земји“. „Ќе почнеме со сите земји и ќе видиме“, им рече Трамп синоќа на новинарите, отфрлајќи ја можноста царините да важат само за мал број трговски партнери на Вашингтон.
„За да се ставиме во добра преговарачка позиција, треба да покажеме дека не сме подготвени да се откажеме“, рече Кристин Лагард додека Европската унија го подготвува својот одговор на американските царини.
Според ЕЦБ, еврозоната би можела да забележи пад на нејзиниот Бруто домашен производ (БДП) за 0,3 отсто поради трговската војна на американскиот претседател и за 0,5 отсто во случај на европски одговор, во првата година од спроведувањето на овие мерки, објави агенцијата Франс прес.
„Трговската војна создава само губитници“, додаде Лагард.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
