Претседателот е во фајловите на педофилот Епштајн?!

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Време е да се фрли вистинска голема бомба: Доналд Трамп е во документите на Епштајн, што е вистинската причина зошто тие сè уште не се објавени. Имај убав ден, ДЈТ!“.

Вака објави милијардерот Илон Маск, еден од најбогатите луѓе на планетата, на неговиот профил на Икс. Неговата „бомба“ и сериозно обвинување доаѓа во време кога тој ја напушта Белата куќа и од соработката со американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп денеска, 5 јуни, остро го критикуваше милијардерот велејќи дека е разочаран што Маск го критикува законот за трошоци во САД. Одговорот на Маск во врска со наводите на Трамп има своја позадина.

Трамп и Епштајн несомнено беа пријатели

Поранешниот американски претседател и претходно беше споменат во судските документи во случајот со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн и неговата девојка Гислен Максвел.

На 4 јануари, портпаролот на Доналд Трамп, Стивен Чанг, се огласи за наводите велејќи дека „сите обвинувања за врската на Трамп со Епштајн веќе се целосно отфрлени“.

Епштајн беше обвинет во 2019 година за водење мрежа за трговија со луѓе, вклучувајќи малолетни девојчиња, откако Вирџинија Робертс Џуфре тврдеше дека ја злоупотребил како малолетничка и дека неговата девојка Гислен Максвел му помогнала во тоа. Тој беше пронајден мртов во неговата ќелија додека чекаше судење, додека Максвел беше осудена во 2021 година на 20 години затвор.

Трамп и Џефри Епштајн несомнено беа пријатели. Контроверзниот политичар изјави во 2002 година дека го познава Епштајн петнаесет години и дека тој е „фантастичен човек“.

Трамп леташе со авионот на Епштајн неколку пати, но откако Епштајн беше уапсен во 2019 година се оградува од „фантастичниот човек“, велејќи дека со години ме разговарале.

Што рекла жртвата?

Јохана Шоберг, една од жртвите на Епштајн, во својата изјава изјавила дека таа и Епштајн патувале од Флорида до Атлантик Сити и отишле во едно од казината на Трамп.

- Advertisement -
Ad image

– Џефри рекол: „Одлично, ќе го повикаме Трамп и ќе одиме во, не се сеќавам на името на казиното, но, ќе одиме во казиното“ – рекла Шоберг во своето сведочење.

Според Јохана Шоберг, додека биле во Атлантик Сити, тие посетиле едно од казината на Трамп. Шоберг изјавила дека на Вирџинија Шофри не ѝ било дозволено да влезе бидејќи била малолетна. Подоцна, кога била прашана дали некогаш го масирала Трамп, Шоберг двапати рекла не.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Трамп, Епштајн, Ендру, Џуфре

Лицата именувани во документите не се нужно обвинети за какво било кривично дело, а Трамп не е поврзан со ниту едно кривично дело извршено од Епштајн или од Максвел. Трамп летал со авионот на Епштајн четири пати во 1993 година, и еднаш во 1994, 1995 и во 1997 година. Летовите биле помеѓу Палм Бич, Флорида, и аеродром во Њујорк.

Откако документите беа објавени, следбениците на Трамп на Твитер ги протолкуваа како доказ дека Трамп не се вклучил во никакво нелегално или несоодветно однесување.

Британскиот принц Ендру, кого Џуфре го обвини дека ја принудил на секс кога имала 17 години, е исто така на листата. Во 2022 година, Ендру го реши случајот што го покрена Џуфре надвор од судот, плаќајќи ѝ неоткриена сума пари. Се верува дека сумата се брои во милиони. И покрај ова, принцот не ја призна вината и постојано ги негираше нејзините обвинувања.

Кавгата меѓу Илон Маск и Доналд Трамп, која кулминираше со тврдењето на Маск дека Трамп се наоѓа во досиејата на Џефри Епштајн, претставува драматичен пресврт во нивната претходна соработка. Оваа ескалација доаѓа по серија на несогласувања поврзани со политички и економски прашања.

Зошто се распадна соработката меѓу Маск и Трамп

Во почетокот на вториот мандат на Трамп, Маск беше назначен за директор на новоформираното Министерство за владина ефикасност (DOGE), со задача да ги намали трошоците и да ја подобри ефикасноста на федералната администрација. Маск, исто така, инвестираше значителни средства во кампањата на Трамп, со цел да го поддржи неговото реизбирање.

Но, Маск јавно го критикуваше новиот фискален и буџетски план на Трамп (Big Beautiful Bill), нарекувајќи го „одвратна абоминација“ која ќе го зголеми буџетскиот дефицит за 2,5 трилиони долари . Особено беше незадоволен од укинувањето на даночните олеснувања за електрични возила, што директно влијаеше на неговата компанија Tesla.

Трамп ја повлече и номинацијата на Џаред Ајзакман, сојузник на Маск, за директор на НАСА, што дополнително ги влоши односите меѓу двајцата .

Маск тврдеше дека неговата поддршка била клучна за победата на Трамп во изборите, изјавувајќи: „Без мене, Трамп ќе изгубеше на изборите„. Трамп, пак, изрази разочарување од Маск, велејќи: „Многу сум разочаран од Илон. Многу му помогнав“.

Ескалација на конфликтот

Конфликтот достигна ново ниво кога Маск на својата платформа X обвини дека Трамп е во досиејата на Епштајн и дека тоа вистинската причина зошто тие не се објавени. Во одговор, Трамп го нарече Маск „луд“ и се закани дека ќе ги раскине сите владини договори со неговите компании, вклучувајќи ги SpaceX, Tesla и Starlink. Оваа закана доведе до пад на акциите на Tesla за 14%.

Овој јавен конфликт меѓу двајцата влијателни личности има потенцијал да предизвика политички и економски последици. Маск најави можност за формирање на нова политичка партија, што може да влијае на политичката сцена во САД. Од друга страна, Трамп се соочува со критики за неговата политика и односот со поранешните сојузници.

Кој беше Џефри Епштајн?

Џефри Епштајн беше американски финансиер и осуден сексуален престапник, кој со децении градел влијателна мрежа на пријатели, познаници и клиенти од светот на политиката, науката, елитниот бизнис и забавната индустрија..

Во 2008 година беше осуден за поттикнување на малолетничка на проституција, но избегна сериозна казна со контроверзна спогодба со американските федерални власти. Повторно беше уапсен во 2019 година поради федерални обвиненија за трговија со луѓе и сексуална експлоатација на малолетнички. Почина во притвор во август 2019 година, а официјално беше констатирано самоубиство – иако околностите остануваат спорни.

Фајловите „Епштајн“ се однесуваат на повеќе категории документи: судски документи (2015–2024), главно поврзани со граѓански тужби, посебно оние поднесени од страна на Вирџинија Џуфре и од други жртви против Гилајн Максвел, Епштајн и нивните мрежи. Во овие документи се наведуваат имиња на влијателни личности како: Принц Ендрју (Велика Британија), Бил Клинтон (поранешен американски претседател), Бил Гејтс (коосновач на Microsoft), Лери Самерс (поранешен претседател на Харвард), Леон Блек (финансиски магнат), Јенс Столтенберг (генерален секретар на НАТО – само како поранешен посетител во контекст на Харвард, не во компромитирачка смисла). Во најголем дел, спомнувањата на овие лица не значат директна инкриминација или доказ за криминал, туку се дел од искази, сведоштва, патнички манифести или кореспонденција.

Најконтроверзниот дел се т.н. Летачки дневници (Flight Logs), листи на патници на „Lolita Express“, приватниот авион на Епштајн, со кој, според документи и сведоштва, често патувале јавни личности до неговите имоти (посебно на приватниот остров во Карибите). Патувањата сами по себе не се доказ за кривично дело, но создаваат сенка на сомнеж. Тука се и т.н. врни тефтери и личните белешки, кои вклучуваат стотици имиња и контакти. Постојат тврдења дека Епштајн ги користел овие информации како дел од својата стратегија за уцена и манипулација. Дел од овие белешки беа користени како докази при судењето на Гилајн Максвел.

По барање на јавноста и судски одлуки, во јануари 2024 година беа објавени повеќе од 900 страници документи, кои некои медиуми ги нарекоа „Листата на Епштајн“, но всушност не се официјална листа на соучесници, туку мешавина од кореспонденција, судски записници и други документи. Од таму, неосновано беа извлекувани сензационалистички наслови од одредени извори.

Дaли досиејата лично го вклучуваат Трамп?

До денес, Трамп е спомнат неколку пати во судски документи, како познаник на Епштајн и како личност што присуствувала на неколку заеднички настани во 1990-тите. Според сведоштва, бил домаќин на забава со Епштајн во Мар-а-Лаго во 1992 година. Но, не постојат официјални судски обвинувања или конкретни инкриминирачки документи против Трамп во достапните фајлови. Според Vanity Fair и The Guardian, Трамп прекинал контакт со Епштајн околу 2004 година, поради спор за недвижнина.

Како и да е, „Фајловите на Епштајн“ остануваат симбол на мрачниот спој меѓу парите, моќта и експлоатацијата, како и на потфрлањето на системот на правдата при справувањето со високопрофилни криминалци. Овие гајлови ја зголемија недовербата на јавноста во институциите, особено во ФБИ, во ЦИА.

Share This Article