Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен беше хоспитализирана околу една недела со тешка пневмонија и „сега се врати дома“, рече нејзиниот портпарол, потврдувајќи ги информациите во германските медиуми.
Претседателката на Комисијата „беше хоспитализирана околу една недела поради лекување на пневмонија и сега се врати дома. Таа не беше на интензивна нега“, изјави портпаролката Аријана Подеста, додавајќи дека Фон дер Лајен „била во секојдневен контакт со нејзиниот тим во Комисијата“.
– Таа сега работи од дома и продолжува да закрепнува од оваа тешка болест – рече портпаролката.
Европската комисија на 3 јануари соопшти дека Фон дер Лајен ги откажала сите патувања на две недели поради „тешка пневмонија“.
Портпаролката увери дека Фон дер Лајен продолжува да ги „врши своите должности“ од далечина, „во близок и секојдневен контакт со нејзиниот тим“.