Тројца мажи денеска се осудени на вкупно 30 години затвор за убиството што го извршија минатата година пред казино во центарот на Кавадарци.
Основниот суд Кавадарци донесе првостепена пресуда со која тројцата кавадарчани Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28) ги прогласи за виновни за убиството и на секој од нив му изрече казна затвор од по 10 години.
Од судот информираат дека во текот на постапката немало признание на вина. По изрекувањето на пресудата на неправосилно осудените им е продолжен притворот.
Странките имаат право на жалба на пресудата.
Основното јавно обвинителство Кавадарци најави дека ќе ја обжали пресудата, бидејќи не е задоволно од висината на изречената казна.
Убиството се случи на 27 август 2025 година, во раните утрински часови, пред казино на улицата Никола Минчев во центарот на Кавадарци. Според обвинението, на настанот му претходела вербална расправија во казиното, по што тројцата обвинети излегле надвор заедно со убиениот, 43-годишниот П.Т. Пред казиното физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и со клоци по главата и по телото.
Нападнатиот Панче се обидел да се врати во казиното, но изгубил свест и починал. Екипата на Итната медицинска помош, која пристигнала 15 минути подоцна, можела само да ја констатира смртта.
Tagged as:
Пресуда за тројцата кавадарчани за убиството пред казиното во Кавадарци
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
