– Денес, на кратка, но важна церемонија, му ја предадовме одлуката за хрватско државјанство на Џон Малкович. Светски познатиот актер, кој ја обележа кинематографијата со бројни улоги, презеде нова улога и стана хрватски државјанин – напиша хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ на социјалните мрежи и му посака добредојде.
Познатиот американски актер бил примен во Бански двори од премиерот Андреј Пленковиќ кој порачал дека е среќен поради тоа што актерот ги негува своите хрватски корени.
– Го примивме Џон Малкович во Бански двори и заедно со министерот за туризам Тончи Главин и директорот на Хрватскиот туристички завод Кристијан Станичиќ, разменивме мислења за хрватската култура, туризмот, спортот и бизнисот – објави премиерот на Xрватска.
– Долгата кариера на Џон и неговиот уметнички успех се голема инспирација за помладите генерации и ни е мило што тој гордо ги негува своите хрватски корени – нагласи Пленковиќ.
Малкович е еден од најпочитуваните американски актери и играл во повеќе од 70 филмови. Меѓу другото, во „Полињата на смртта“, „Империја на сонцето“, „Опасни врски“, „На линијата на огнот“ и „Да се биде Џон Малкович“.
Тој е подеднакво познат и по својата работа на сцената. Двапати бил номиниран за Оскар и три пати за Златен глобус.
Неговите прадедо и прабаба емигрирале во Соединетите Држави од градот Озаљ во Карловачката жупанија. Неколку пати ја посетил Хрватска, и приватно и гостувајќи со претстави.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
