Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на жртвите кои го изгубија животот во трагичниот настан што се случи во Цетиње, Црна Гора

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на жртвите кои го изгубија животот во трагичниот настан што се случи во Цетиње, Црна Гора.

„Во овие тешки мигови, од името на Владата, како и од мое лично име, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите кои го загубија најмилото. Нивната болка е неизмерна, а загубата непоправлива. Нашите мисли и молитви се со нив, како и со сите кои беа погодени од овој трагичен чин. Длабоко сочувствуваме и со граѓаните на Црна Гора кои во овој момент се соочуваат со голема тага и вознемиреност“, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Во објавата премиерот изрази и поддршка до сите надлежни институции во Црна Гора кои со голема посветеност работат на расветлување на овој немил настан и на враќање на мирот и безбедноста во заедницата.

 

Ден по убиството на 12 лица, меѓу кои и две деца, во Цетиње е молк. Граѓаните со палење свеќи им оддаваат почит на настраданите и се збогуваат со нив.

Share This Article