Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, Црна Гора, откако со автомобил прегази куче, вели дека прегазениот шарпланинец го нападнал и го усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството.
– На видеото се гледа и нашето мало куче ши-цу кое е усмртено од шарпланинец преку 50 килограми тежок. Влезе во нашиот апартман, го распарчи нашето куче пред наши очи додека не постоеше начин да го одбраниме и да му помогнеме, бидејќи станува збор за крволочно куче кое подоцна нè нападна и нас и мојот малолетен брат – вели ќерката во разговор за Сител.
Таа додаде дека шарпалнинецот имал сопственик, кој по настанот со толпа негови пријатели им се заканувал пред апартманот.
Тврди дека прегазувањето било обид жената да ги одбрани децата и своето милениче.
Обвинителството во Улцињ попладнево соопшти дека на жената ѝ е одредено 72-часовно задржување и дека е осомничена за кривично дело Убивање и мачење животни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
