Начелото за соодветна и правчна застапеност произлегува од Охридскиот договор и го карактеризира мултиетничкиот карактер на Македонија, рече вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, образложувајќи го предлог-законот за соодветна и правична застапеност пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.
За време на разговорите за формирање на влада, додаде тој, едно од нашите барања беше и донесување на закон за правична и соодветна застапеност, затоа со задоволство можам да кажам дека за првпат правичната и соодветна застапеност се воведува како законска материја, односно се издигнува на ниво на закон.
Со овој закон, посочи Сали, се става крај на претходните решенија, кои беа делумни или недоволни.
– Балансерот беше само дигитална алатка и делумно решение која не може да се спореди со едно сеопфатно законско решение. По 23 години ние како Вреди конечно го заокружуваме ова прашање со закон. Овој закон ја ужива поддршката од Советот на Европа, бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија – истакна Сали.
Министерот додаде дека со овој закон Владата прави историски чекор во унапредување на Охридскиот рамковен договор. Рече дека законот нуди неколку важи решенија и се темели на реални податоци.
– Законот го штити правото на слободно самоизјаснување, но истевремено ја спречува неговата злоупотреба. Доколку се утврди злоупотреба ва оваа насока, кандидатите ќе бидат одбиени и ќе немат право да аплицират на јавните конкурси во период од 3 месеци – посочи тој.
Сали ги повика сите пратеници да го поддржат овој предлог на закон, бидејќи, како што посочи, правичната и содветната застапеност не е прашање што му припаѓа само на Вреди или на една политичка партија, туку е темелна вредност на уставниот поредок и државен интерес.
Пратениците од опозициските партии на Албанците го итикуваа законското решение, посочувајќи дека со него не се предвидени квоти ниту, пак, начин како ќе се контролира дали правичната застапеност се почитува, а тоа, велат, ќе има долгорочни последници.
Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците критикуваше дека на овој закон му недостасуваат критериуми и стандарди.
– Закон без механизми за спроведување и без санкции е само закон на хартија и нема ниту еден задолжителен елемент. И затоа институциите ќе се повикуваат на некои членови на овој закон, притоа нема каде да ги најдат тие членови – оцени Азири.
Претходно Комитетот за односи меѓу заедниците, со 11 гласа „за“ и два „против“, изгласа предлог-законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници од присутните пратеници. Пратениците од Европскиот фронт и Албанската лига сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер (потребно мнозинство од вкупниот број пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници), но нивниот предлог не беше поддржан.
Основната цел на предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна и применлива правна рамка за остварување на едно од темелните начела на уставниот поредок на земјата – соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции. Интенцијата е да се обезбеди доследна примена на овој принцип преку воспоставување јасни правила и механизми, кои ќе овозможат еднаков пристап до вработување и унапредување, како и фер и транспарентни постапки во јавниот сектор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
