Во градот Гудермес, Чеченска Република, припадници на руската служба за итни ситуации (МЧС) спасија тригодишно девојче кое паднало во септичка јама во дворот на семејната куќа.
Како што информираат од МЧС, ситуацијата била критична, а секоја секунда била важна поради ризик од задушување.
– Секоја секунда беше важна. Јаглерод диоксидот во јамата можеше да предизвика задушување. Извлекувањето на девојчето преку тесниот отвор на јамата беше невозможно. Од страна направивме ископ и обезбедивме отвор за спасување – изјави командирот на одделението од пожарно-спасувачката единица во Гудермес, Илeс Гучигов.
Пожарникарот Мансур Жабраилов бил спуштен во јамата со сигурносно јаже, по што на детето му ставил заштитен појас, го прегрнал и дал сигнал за извлекување.
По успешната акција, пожарникарот и детето биле извлечени на површината, а медицинска екипа на лице место извршила преглед и констатирала дека нема опасност по животот на детето.
Од МЧС апелираат сите септички јами и отвори да бидат соодветно обезбедени, а родителите никогаш да не ги оставаат децата без надзор, дури ни за кратко време.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
