Background

Пожарите во Лос Анџелес го деградираа воздухот, огромни се здравствените ризици

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, повика на независна истрага за тоа како критичните противпожарни хидранти останале без вода и ја ослабиле борбата против шумските пожари во областа Лос Анџелес, објави Лос Анџелес тајмс.

– Губењето залихи од противпожарните хидранти веројатно ги наруши напорите да се заштитат некои домови и коридори за евакуација – рече Гавин Њусом.

Тој вели дека е потребна истрага за губењето на притисокот на водата на локалните противпожарни хидранти и пријавената недостапност на залихи на вода од акумулацијата Санта Инез.

- Advertisement -
Ad image

– Неопходен е сеопфатен преглед за да се осигураме дека ова нема да се повтори и дека ги имаме сите достапни ресурси за борба против овие катастрофални пожари – додаде гувернерот на Лос Анџелес.

Најмалку 11 лица загинаа во пожарите досега, а се проценува дека се уништени повеќе од 10.000 домови и други објекти. Наредбата за евакуација се прошири во близина на пожарот Палисејдс, додека властите работат на локализирање на пожарите кои горат од вторникот. Горат најмалку 6 пожари. Најновиот пожар, наречен „Арчер“, започна вчера и не е под контрола.

Претседателот Џо Бајден изјави дека Лос Анџелес е како „воена сцена“ и предупреди дека бројот на загинати веројатно ќе се зголеми. Прогнозата за посилни ветрови ги зголемува стравувањата дека пожарите би можеле дополнително да се шират и има предупредување со црвено знаме, што укажува на критични услови за пожар.Властите во Лос Анџелес прогласија локална здравствена вонредна состојба во целата област поради лошиот квалитет на воздухот бидејќи пепелот и чадот од шумските пожари ја покриваат областа. Во соопштението, Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде декларација и наредба за јавно здравје бидејќи пожарите и силните ветрови „сериозно го деградираа квалитетот на воздухот, што доведува до непосредни и долгорочни ризици за јавното здравје“, се наведува во извештајот.

Властите додаваат дека пожарите ги принудиле жителите да ги напуштат своите домови, како и да се евакуираат здравствените установи, со што се нарушени „виталните здравствени услуги и ресурси“. Се препорачува да не се излегува надвор, да се носи маска ако се оди на отворено, во услови на чад. Домашните миленици, исто така, треба да се чуваат во затворени простории.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation