Background

Пожарите кои зафатија повеќе од 100.000 хектари во американската сојузна држава Вашингтон предизвикаа масовни евакуации и прекини во снабдувањето со електрична енергија во областа на Спокен

Пожарите кои зафатија повеќе од 100.000 хектари во американската сојузна држава Вашингтон предизвикаа масовни евакуации и прекини во снабдувањето со електрична енергија во областа на Спокен, соопштија локалните власти.

Околу 4.000 луѓе се борат против повеќе од 10 пожари ширум државата, изјави синоќа комесарот за јавно земјиште на Вашингтон, Дејв Аптергров, за време на виртуелна прес-конференција.

Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон, вчера прогласи вонредна состојба на ниво на целата сојузна држава и забрана за палење оган на отворено. Официјалните лица наведоа дека засега нема пријавено повредени ниту загинати лица во пожарите.

- Advertisement -
Ad image

Спокен, град во источниот дел на Вашингтон со околу 230.000 жители, е загрозен од пожар кој, според шефот на шумарската служба на државата Вашингтон, Џорџ Гајслер, зафатил околу 3.000 хектари и претставува закана за околу 4.000 објекти.

Градоначалничката на Спокен, Лиса Браун, изјави дека се евакуирани некои важни објекти, меѓу кои се постројките за преработка на вода, електраната на отпад и болницата на Министерството за прашања на ветераните. До 15:30 часот по локално време, околу 200 куќи во Спокен биле евакуирани.

Компанијата „Ависта“ која го снабдува источниот дел на Вашингтон со електрична енергија, соопшти дека околу 60.000 луѓе останале без струја.

– Нашата држава се соочува со многу сериозна ситуација поради повеќето пожари – рече Фергусон, предупредувајќи дека силниот ветер и високите температури во текот на викендот дополнително ќе го отежнат гаснењето.

Пожарот во Спокен е еден од петте големи пожари во американската сојузна држава Вашингтон. Најголемиот меѓу нив, пожарот во кањонот Кајзер на североистокот од државата, зафати околу 44.000 хектари, изјави Гајслер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation