Сите три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување денеска дејствуваат врз пожарот кој од страната на Македонски Брод навлегува кон територијата на ловиштето „Јасен“, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Авионите им помагаат на екипите од ловиштето кои се обидуваат да го сопрат пожсрот.
Според Ангелов, огнот во моментов не претставува голем ризик, но постои опасност доколку навлезе во боровата шума.
– Засега огнот не е толку ризичен, но доколку навлезе во боровата шума може да ни се повтори она што се случуваше во минатото – рече тој.
Ангелов очекува дека ќе ја прекинат огнената линија во насока на селото Белица или кај рибникот.
– Сè уште имаме големо горење, но јас сум оптимист дека пожарот овој пат нема да влезе во ловиштето „Јасен“, бидејќи удираме на него со сите сили – рече тој.
Ангелов информира дека освен овој пожар сè уште е активен и огнот кај местото викано Рамно во селото Брест во Општина Чучер-Сандево на Скопска Црна Гора. Според него, скопјани денеска не го чувствуваат чадот од овој пожар, а ветерот засега не прави дополнителни проблеми.
Активен е и пожарот на границата меѓу општините Струга и Дебар, во атарот на селото Селци, каде што интервенираат струшките пожарникари. За овој терен за рано наутро е најавено испраќање дополнителни екипи, бидејќи огнот сè уште не е ставен под целосна контрола.
Ангелов вели дека во попладневните часови се регистрирани повеќе од 20 нови активни пожари и упати благодарност до сите пожарникари и сите ангажирани екипи кои даваат максимални напори во справувањето со огнената стихија.
Директорот повторно апелираше до граѓаните за зголемена претпазливост предупредувајќи дека пред нас се неколку тешки дена и дека најавените врнежи од дожд најверојатно ќе доцнат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
