Background

Повеќе од 70 ракети и 280 дронови во Украина, има загинати деца

Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во масовните руски ракетни и беспилотни напади врз повеќе региони на Украина во текот на ноќта, додека украинските сили возвратија со удари врз руски рафинерии и воени цели.

Според украинските власти, во нападите загинале најмалку девет лица, а десетици се повредени. Сирени за воздушна опасност се огласувале низ целата земја, а меѓу погодените градови се Киев, Лавов, Днипро, Полтава, Харков, Николаев, Суми, Виница, Черкаси и Ивано-Франкивск.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Најтрагичен бил нападот врз семејна куќа во околината на Криви Рих, каде што балистичка ракета „Искандер-М“ директно погодила дом на повеќечлено семејство. Загинале две девојчиња на возраст од пет и 12 години и четворица возрасни, додека осум лица се повредени, меѓу кои и две деца.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во ракетен напад врз населбата Радушне во Дњепропетровската област загинале родители и нивните три деца. Под урнатините живи биле извлечени уште две деца.

 

 

– Тоа беше обична семејна куќа, претворена во урнатини од балистичка ракета. Спасувачките операции продолжуваат и во Лавов, каде што беше погодена станбена зграда – напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.

Тој наведе дека Русија во нападите употребила повеќе од 70 ракети, од кои голем дел биле балистички, како и повеќе од 280 борбени беспилотни летала. Украинската противвоздушна одбрана, според него, соборила повеќе од 260 дронови и значителен број крстосувачки ракети.

 

 

Во Киев загинале две лица во областите Оболон и Свјатошин, каде што избувнале пожари, а оштетени биле и повеќе објекти. Во Полтавската област загинало едно лице, откако дрон погодил магацини на приватна компанија.

 

 

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека ноќниот напад бил насочен кон украински воени аеродроми, телекомуникациски и логистички центри во Киев, Лавов и уште неколку региони. Москва тврди и дека биле погодени два товарни брода кои, според руската страна, превезувале оружје и воена опрема кон Одеса и Чорноморск.

 

 

Руското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 258 украински беспилотни летала над повеќе руски региони, како и над Крим, Азовското и Црното Море.

Од украинска страна беше потврдено дека биле извршени напади врз рафинеријата на „Лукоил“ во Перм, која се наоѓа на повеќе од 1.500 километри од украинската граница, како и врз рафинерија во Рјазањ, логистички центар и објект на Крим што го користи руската Црноморска флота.

 

 

Украинските власти повторно апелираа до западните партнери за дополнителни системи за противвоздушна одбрана, оценувајќи дека тие се клучни за заштита на цивилното население од засилените руски ракетни напади.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation