Поранешниот светски рекет број еден и моментално осми на АТП листата, Данил Медведев, доживеа рана елиминација на вториот гренд-слем турнир сезонава, откако загуби уште во првото коло на Ролан Гарос.
Рускиот тенисер беше поразен во драматичен меч од пет сета од Австралиецот Адам Волтон (АТП 97), кој настапува со вајлд-карта, со 6-2, 1-6, 6-1, 1-6, 6-4.
Медведев двапати се враќаше во мечот и го израмнуваше резултатот, но во решавачкиот петти сет не успеа да го задржи ритамот и доживеа седма рана елиминација на гренд-слем турнирот во Париз.
За Русинот ова беше десетти настап на Ролан Гарос, турнир на кој првпат триумфираше во 2021 година кога стигна до четвртфинале. Сепак, земјената подлога и понатаму останува неговата најслаба површина, на која често има проблеми со конзистентноста.
Дополнително, Медведев неодамна доживеа еден од најтешките порази во кариерата, кога на Мастерс турнирот во Монте Карло загуби од Матео Беретини со убедливи 6-0, 6-0.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
