Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Тотенхем, Деле Али, запалил дрес на Арсенал за време на пренос во живо, откако претходно бил принуден да го облече по изгубен облог со познатиот американски јутјубер АјШоуСпид (IShowSpeed).
Али се натпреварувал со јутјуберот, чие вистинско име е Дарен Џејсон Воткинс Џуниор, во два натпревара на фудбалска видеоигра. Ги загубил двата дуела, а казната била да го облече дресот на Арсенал.
За поранешниот играч на Тотенхем тоа било особено непријатно, со оглед на големото ривалство меѓу двата лондонски клуба.
Али го испочитувал договорот и го облекол дресот на „топчиите“, но откако облогот завршил, решил да го запали пред камерите.
Деле Али своевремено важеше за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал. Најдобрите сезони ги одигра во Тотенхем, но неговата кариера потоа тргна надолу, а последниот клуб за кој настапуваше беше италијанскиот Комо.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
