Поранешна убавица од Индија Твиша Шарма, само пет месеци по венчавката со адвокатот Самарт Синг, е пронајдена мртва на 12 мај во нивниот семеен дом во Бопал, а нејзината смрт е обвиена со сомнежи.
Родителите и браќата на Твиша тврдат дека Самарт и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја злоставувале поради барањата за мираз и дека таа е убиена. Свекрвата Синг ги отфрлила обвинувањата како „неосновани“ и тврдела дека Твиша имала ментални проблеми, дека се борела со зависност од дрога и дека извршила самоубиство.
Сепак, полицијата покренала истрага за смртта и истражува дали станува збор за убиство или за самоубиство. Сопругот по 10 дена е бегство, се предал во полицијата и добил седумдневен притвор. На неговата мајка ѝ било одобрено да остане на слобода со кауција.
Твиша ја освоила титулата Мис Пуна во 2012 година, снимала реклами, глумела во регионални филмови, а подоцна се занимавала со маркетинг. Пријателите ја опишуваат како амбициозна и весела личност. 33-годишната манекенка и актерка се запознала со нејзиниот сопруг преку апликација за состанување.
Нејзиното семејство тврди дека проблемите започнале кратко по свадбата кон крајот на 2025 година. Тие тврдат дека сопругот и неговата мајка постојано ја критикувале висината на миразот и организацијата на венчавката. Наводно, тежок конфликт избувнал кога Твиша забременила. Нејзините родители тврдат дека нејзиниот сопруг и свекрва се сомневале дека детето не е негово и дека ја принудиле да абортира на почетокот на мај. Синг ги отфрлила и тие обвинувања и тврди дека Твиша не сакала деца.
Дополнителен шок предизвикале пораките што Твиша ги испратила на своето семејство преку социјалните мрежи. Во една од нив таа напишала: „Мојот живот е жив пекол“. Нејзиното семејство тврди дека последниот разговор со неа бил ненадејно прекинат ноќта кога починала, по што нејзината свекрва им јавила: „Ја нема повеќе“.
Обдукцијата покажала дека смртта настапила со бесење, но биле забележани и повреди што се случиле пред смртта. Поради ова, семејството на Твиша побарало нова обдукција и одбива телото да биде кремирано додека случајот не се разјасни целосно.
Пријателите на Твиша сведочат дека таа постојано била јавно понижувана од нејзиниот сопруг. Тој често ја нарекувал „gawar“ (необразована) и зорувал дека таа не знае ништо и дека ништо не работи.
Случајот предизвика бурни реакции низ цела Индија, а на социјалните мрежи е започната кампања „Правда за Твиша Шарма“. Таткото на починатата актерка тврди дека моќни луѓе се обидуваат да влијаат врз истрагата и порачуваат дека семејството нема да се откаже додека не биде задоволена правдата за нивната ќерка.
Tagged as:
ПОРАНЕШНА УБАВИЦА ОД ИНДИЈА НАЈДЕНА МРТВА ПО 5 МЕСЕЦИ БРАК
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
