Поранешен натпреварувач во американското музичко телевизиско шоу „Американски идол“ во понеделникот беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување поради убиството на неговата сопруга во нивниот дом во Охајо.
Кејлеб Флин (40) минатата недела беше прогласен за виновен по сите девет точки од обвинението, вклучувајќи тешко убиство, убиство, тежок напад и манипулација со докази поврзани со смртта на неговата сопруга, Ешли Флин.
Поротата веќеше околу два часа пред да го отфрли тврдењето на Флин дека некој натрапник влегол во нивниот дом во Тип Сити и пукал во неговата сопруга додека таа спиела.
Обвинителите изјавија дека Флин, поранешен пастор задолжен за музичкиот дел од богослужбата, двапати пукал во задниот дел од главата на својата 37-годишна сопруга додека таа била во кревет на 16 февруари, а потоа го наместил местото на злосторството за да изгледа како некој да влегол преку гаражата.
За време на судењето, обвинителите тврдеа дека Флин ја убил сопругата за да може да биде со друга жена со која имал љубовна врска.
Како докази тие ги претставија пораките разменети меѓу нив двајцата, вклучително и порака што Флин ја испратил ноќта пред убиството: „Те избирам тебе. Слободен сум. Утре ќе следат дела.“
Оружјето со кое е извршено убиството никогаш не беше пронајдено. Обвинителството претстави дигитални докази за кои тврдеше дека покажуваат како Флин се движи низ куќата во време кога тврдел дека спие.
Двете ќерки на парот, на возраст од девет и 11 години, спиеле во куќата за време на убиството.
За време на рочиштето за изрекување на пресудата во понеделникот, во судницата беа прочитани писма од ќерките на Флин. Во нив, девојчињата прашуваа зошто ја убил нивната мајка и го повикуваа да ја признае вината.
„Драг тато, не знам ни од каде да почнам. Како можеше да направиш такво нешто?“, напишала една од неговите ќерки.
Флин ѝ се извини на семејството за прекршувањето на брачните завети и за одлуките за кои рече дека им нанеле болка. Тој призна дека лажел за многу работи, но остана на ставот дека не ја убил сопругата.
Неговиот адвокат изјави дека одбраната планира да поднесе жалба на пресудата. Флин кратко се појави во „Американ идол“ во 2013 година, но не се пласираше во главната фаза на натпреварот во Холивуд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
