Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.
Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 литри на метри квадратни) и засилен ветар.
Утринските минимални температури ќе изнесуваат од 2 до 10 степени Целзиусови, а дневните максимални температури од 6 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.