Полскиот претседател ги повика САД да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната руска агресија, прашање за кое неодамна разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, објави во четвртокот Financial Times.
„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, инфраструктурата на НАТО исто така треба да се движи кон исток. За мене тоа е очигледно“, го цитира ФТ Анджеј Дуда во интервјуто.
Побезбедно би било тоа оружје да биде веќе во земјата, рече Дуда.
Трамп го потврди блискиот сојуз меѓу Соединетите Држави и Полска на состанокот меѓу двајцата претседатели минатиот месец и ја пофали посветеноста на Варшава за зголемување на трошоците за одбраната, објави Белата куќа во саботата во саботата по средбата.
„Реков дека безбедноста на Полска и Централна Европа треба да се зајакне, но тој рече дека како еден од најсигурните сојузници не треба да бидам загрижен“, рече тогаш Дуда во Вашингтон.