Полицијата во Истанбул го уби 21-годишниот Беркан Ч., осомничен за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ и за подготовка на терористички напад во Турција.
Престрелката се случи доцна синоќа во истанбулската населба Султанбејли, каде што полицијата спроведувала операција за негово апсење. Според соопштението на истанбулската градска управа, осомничениот отворил оган врз полицајците, по што тие возвратиле и го усмртиле.
Во престрелката бил ранет и цивил. Првичните информации беа дека цивилот е повреден, но турските медиуми денеска објавија дека тој подоцна починал во болница.
Операцијата ја спровеле турската разузнавачка служба МИТ и истанбулската полиција. Според дополнителните информации, осомничениот претходно успеал да избега од полициски операции на две адреси во Пендик и Тузла, а потоа купил билет за автобус од терминалот во Султанбејли. Полицијата го лоцирала таму и се обидела да го уапси, кога тој почнал да пука.
На социјалните мрежи се појави и видео од оружениот инцидент, на кое се гледа како полицајци заземаат позиции и возвраќаат на огнот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
