Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против полицаецот Д.С. поради постоење основи на сомнение основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал пари за себе за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Тој договорил на 05.04.2026 на излез од државата да пропушти лице со патничко моторно возило кое евидирало како украдено на „стоп листата“ во системот за контрола на патници и возила. Лицето немало ни полномошно за возилото.
Одделот за внатрешна контрола против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка – отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
