Background

Погледнете ја куќата што ја продаде за 22 милиони долари, а ја купила за 10

Актерката Гвинет Палтроу ја продаде својата куќа во Лос Анџелес. Имотот се наоѓа во Мандевил, дел од луксузниот кварт Брентвуд, а „Волстрит журнал“ пишува дека вилата е продадена за 22 милиони долари.

Куќата се продаде за помалку од една година откако е пуштена на пазарот. Но, актерката морала да ја намали цената. Таа прво побара 29,9 милиони долари, а потоа во октомври цената беше намалена на 24,9 милиони долари.

Еднокатната куќа е изградена во 1950-тите, а реновирана во 2009 година. Има шест спални соби. Куќата за гости содржи една спална соба, канцеларија, теретана, винарска визба, кино и соба за игри.

- Advertisement -
Ad image

Нејзиниот агент за недвижнини Леа Портер претходно изјави за Волстрит журнал дека куќата е опкружена со високи жива ограда и дрвја, што значи дека потенцијалните купувачи ќе имаат максимална приватност.

Евиденцијата за имотот покажува дека Палтроу ја купила куќата во 2012 година за 9,95 милиони долари со поранешниот сопруг Крис Мартин. Причината за продажбата, според агентот, е потребата од помал имот со оглед на тоа што децата на актерката стареат.

Палтроу поседува и имот во Монтесито, Калифорнија и куќа во Амагансет, Њујорк. Агентот вели дека Палтроу и нејзиниот сегашен сопруг Бред Фалчук ​​планираат да поминат време во тие два дома, а можеби дури и да купат трет дом во Лос Анџелес.

Куќата која сега е продадена не била зафатена од пожарите што беснееја низ Лос Анџелес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation