Од утре до 7 септември, по деветти пат, ќе се одржи Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2026“.
Според најавата на организаторот, Здружението „За Трпејца со љубов“ од Охрид, на колонијата ќе учествуваат седум уметници од Македонија и од регионот. Тоа се: Оливета Бабиќ и Жељко Старовиќ од Добој, Даница Стојановиќ и Мина Димитријевиќ од Ниш, Демир Демироски од Минстер, како и Наташа Попоска-Карче и Ѓоко Симјаноски од Охрид.
Уметниците, по традиција, ќе сликаат во Трпејца и ќе ја црпат енергијата и убавината од оваа туристичка населба. Во петок ќе се дружат со учениците од Подрачното основно училиште „Св. Наум Охридски“ во Трпејца, а ќе имаат средби и со љубопитните туристи и мештаните.
Покровител на колонијата и годинава е Општина Охрид, а организаторите упатуваат посебна благодарност и до помагателите: хотелот „Десарет“, „Топ маркет“ и „Жито леб“, сите од Охрид, како и до неколкуте кафеани во Трпејца.
Во изминативе осум години, на колонијата учествувале близу 40 автори од земјава и регионот, а во сопственост на колонијата се близу стотина уметнички дела, кои се веќе опремени и подготвени за изложби.
Tagged as:
Почнува Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2026“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
