САД одржуваат редовни преговори со Данска за проширување на своето воено присуство на Гренланд, при што разговорите напредувале во изминатите месеци, изјавија добро упатени извори.
Вашингтон сакал да отвори три нови бази на југот на полуавтономната данска територија, додека се обидува да ја реши дипломатската криза предизвикана од заканите на Доналд Трамп дека ќе го преземе Гренланд.
Трамп во јануари рече дека САД би требало да го поседуваат Гренланд за да ги спречат Кина и Русија да го заземат.
Белата куќа ги потврди разговорите на високо ниво со Гренланд и Данска, но не сакаше натаму да коментира. Еден американски функционер изјави дека разговорите се одвиваат во вистинската насока.
Данска претходно изрази подготвеност да разговара за отворање на дополнителни американски воени бази на Гренланд и од министерството за надворешни работи потврдија дека има разговори.
САД предложиле договор според кој новите воени бази формално би биле означени како суверена територија на САД, според еден извор запознат со преговорите. Нивната примарна задача би била надзор на можни кинески и руски поморски активности во северниот Атлантик, област меѓу Гренланд, Исланд и Велика Британија.
Специјалниот пратеник на Трамп за Гренланд, Џеф Лендри, не учествувал во преговорите и во голема мера е отсутен од дипломатскиот процес, изјавија три извори.
САД моментално имаат една воена база на Гренланд, додека на врвот на Студената војна имаа приближно 17 воени објекти.
Tagged as:
Почнува борба за контрола на северниот Атлантик
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
