ПОЧНА ПОВТОРНОТО СУДЕЊЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА Обвинетите не ја признаваат вината

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почна главна расправа на повторното судење за модуларната болница во Тетово кое досега четирипати беше одложувано. Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Исто така, и застапник на правното лице ЈЗУ Клиничка болница за делото „предизвикување општа опасност“ истакна дека правното лице не чувствува одговорност. По изјаснувањето новиот водечки судија Реџеп Муса одреди пауза од половина час.

Апелацискиот суд во Гостивар во април 2024 година донесе решение повторно да има судење за двајцата поранешни директори и за Клиничка болница како правен субјект. Процесот требаше да почне на 26 јуни 2024 година, но се одложуваше за 25 септември 2024 година, потоа за 5 ноември 2024 година и за 15 јануари 2025 година.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека, пак, правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година, кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и за Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по 1 година и 6 месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе, во време од по 3 години, не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од 1 милион денари, 30 дена по правосилноста на пресудата.

И првото судење почна на 7 декември 2022 година, откако дотогаш имаше 4 одложувања.

За пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година, во која 14 луѓе ги загубија животите, на 27 јули 2022 година Обвинителството поднесе обвинителен предмет до Основен суд Тетово, откако 10 месеци се вршеше истражна постапка.

Share This Article