Background

Почина Оливера Катарина, филмска и музичка дива на поранешна Југославија

Српската актерка и пејачка Оливера Катарина почина на 87-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Според медиумските извештаи, таа починала по кратко боледување.

Оливера Катарина е родена како Оливера Петровиќ на 5 март 1940 година во Белград. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград и уште рано ја започнала својата богата актерска кариера.

Меѓународна слава стекна со главната улога во филмот Skupljači perja („Собирачи на пердуви“) од 1967 година, во режија на Александар Петровиќ. Филмот ја освои Големата награда на жирито на Канскиот филмски фестивал и беше номиниран за Оскар, а улогата на Оливера Катарина остана запаметена како една од највпечатливите во историјата на југословенската кинематографија.

- Advertisement -
Ad image

Публиката ќе ја памети и по улогите во филмовите „Војник“, „Има љубов, нема љубов“ и „Партизани“. Нејзината последна филмска улога беше во филмот Čarlston za Ognjenku од 2008 година.

Покрај актерството, Оливера Катарина изгради и блескава музичка кариера. Таа изведуваше традиционални и староградски песни, шансони и романси, а настапуваше на некои од најпрестижните светски сцени, вклучувајќи ја и париската Олимпија. Во текот на кариерата одржа бројни концерти низ Европа и светот.

Оливера Катарина ја напиша автобиографијата „Аристократско стапало“, во која го опиша својот животен и уметнички пат. За својот исклучителен придонес во филмската, театарската и музичката уметност доби бројни домашни и меѓународни признанија.

Со нејзиното заминување, регионалната културна сцена загуби една од своите најпрепознатливи и најхаризматични уметници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation