По котлините денеска во поголем дел од денот времето ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од минус 4 степени во Берово, до 4 степени во Охрид и во Гевгелија. Максималната дневна температура ќе се искачи од само 2 степена во Битола, до 15 степени Целзиусови во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со температура од 1 до 6 степени.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува.
По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови.