Background

Пленковиќ смета дека македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со неправди

Кога станува збор за европскиот пат на Северна Македонија, Хрватска е силен и конзистентен нејзин поддржувач – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, за време на заедничката прес-конференција заедно со неговиот домаќин, македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

– Ве поддржуваме од првиот ден. Се сеќавам на почетокот од 2000-тите години кога Хрватска беше чекор зад вас. Денес сме веќе 13 години членка на Европската Унија. Нема подобар пример за тоа колку е неправедна сегашната ситуација и колку е важно процесите да се деблокираат и да се направат клучни чекори кон членството – рече Пленкови, притоа потсетувајќи дека Хрватска ќе продолжи да помага во тој процес, како природен дел на односите на двете земји, од сојузништвото во НАТО како и реформите што ги спроведува Северна Македонија.

Мицкоски рече дека со премиерот Пленковиќ разговарале за билатералната соработка, економските односи, инвестициите, инфраструктурното поврзување, енергетиката, европските интеграции, регионалната безбедност, како и за геополитичките случувања што влијаат врз целиот европски простор.

- Advertisement -
Ad image

Хрватскиот премиер Пленковиќ од своја страна ги истакна добрите економски односи меѓу двете земји, за кои рече дека постепено достигнуваат ниво од околу 350 милиони евра годишна размена, што смета дека е добра основа која треба дополнително да се зајакнува.

Претходно владините делегации на двете земји одржаа билатерална средба, на која беа потпишани договори за стратешка соработка помеѓу двете земји. Меморандум за соработка потпишаа македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.

– Го поздравувам потпишувањето на овој договор за стратешка соработка, кој е плод на меѓусебната доверба и на односите што ги имаме меѓу двете пријателски земји и двата народа. Особено го цениме добриот третман на Хрватите во Македонија, како и третманот на македонското малцинство во Хрватска. Се радуваме на унапредувањето на таа соработка и ќе продолжиме да ги поддржуваме програмите поврзани со македонското малцинство во Хрватска, исто како што ја цениме грижата за Хрватите во Македонија – рече Пленковиќ.

Во врска со потпишаниот договор за соработка во областа на енергетиката тој рече дека се работи за една од најважните теми, не само за двете земји, туку и за целата Европска унија.

– Во последните години поминавме низ неколку големи кризи и настојувавме да обезбедиме сигурност во снабдувањето со енергија, како и прифатливи цени, што се темел на нашите економии. Верувам дека оваа соработка ќе овозможи дополнителен напредок и во тој сектор. Особено ми е драго што разговаравме и за соработката во транспортот. Двете земји се наоѓаат на важни трансевропски транспортни коридори, а тоа е особено важно за вас – рече Пленковиќ.

Тој уште ја нагласи добрата соработка во областите на туризмот, одбраната – дигиталната трансформација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation