Пијан Британец нападнал стјуардеса, авионот слетал во Задар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Капетан на авион на летот од Лондон за Софија бил принуден да го прекине летот и принудно да слета на задарскиот аеродром во понеделникот на 24 март. Причина за слетувањето било агресивното и недолично однесување на патник кој го нарушил јавниот ред и мир за време на летот и физички нападнал 31-годишна стјуардеса, пренесе хрватски Индекс.

По слетувањето, веднаш реагирале полицајци од поморската и аеродромската полициска станица Задар и привеле 28-годишен британски државјанин. Мажот бил видно под дејство на алкохол, а при постапката одбил алкотест.

Кривичната истрага утврдила дека осомничениот за време на летот на особено дрзок и груб начин викал, кревал врева и ја навредувал кабинската екипа, при што ги вознемирувал останатите патници. Дополнително, се вели во статијата, тој давал навредливи коментари на англиски јазик врз основа на разликите во бојата на кожата, со намера да создаде понижувачка и навредлива атмосфера.

Поради наведеното однесување, 28-годишникот ги прекршил одредбите од член 6 од Законот за прекршоци за јавен ред и член 25 од Законот за антидискриминација.

Против него е поднесен обвинителен акт, а Одделот за прекршоци при Општинскиот суд во Задар му изрече правосилна казна од 2.400 евра.

За инцидентот е известена и Хрватската агенција за цивилно воздухопловство, која ќе преземе мерки во нејзина надлежност. Во немилиот инцидент нема повредени.

фото: pixabay.com

Share This Article