Background

Пезешкијан порача дека конфликтот не е од корист за никого

На Иран му е потребено што е можно поскоро војната против САД и Израел да заврши, за да може да се фокусира на реконструкцијата, изјави претседателот Масуд Пезешкијан на серија состаноци со државни службеници во Техеран.

Заземајќи поумерен тон од другите во иранското раководство, Пезешкијан рече дека иако Иран мора да се спротивстави на „прекумерните барања на САД“, мора да признае дека продолжувањето на конфликтот не е од корист за никого – ниту за Иран, ниту за другата страна, ниту за иднината на регионот, ниту за идните генерации.

На друг состанок тој рече дека „мора да се искористи секој разумен и дипломатски пат за намалување на тензиите“.

- Advertisement -
Ad image

– По завршувањето на непријателствата, земјата ќе се соочи со предизвиците на реконструкцијата, обезбедувањето финансии и контролата на пазарот – им рече тој на пожарникарите во главниот град, според иранските медиуми.

Пезешкијан се смета за поумерен од другите членови на раководството, кои имаат долгогодишни врски со Корпусот на исламската револуционерна гарда. Но, тој нема директна улога во преговорите со САД или последен збор во одлуките за завршување на конфликтот.

За време на посетата на Министерството за правда, Пезешкијан рече дека иако некои проблеми предизвикани од конфликтот се решени, потребни се реформи.

– Граѓаните мора да бидат информирани за реалната состојба во земјата. Давањето неточни информации или нереалните ветувања не само што не помага во решавањето на проблемите, туку и ја ослабува јавната доверба – рече тој.

Кохезијата на Иран бара искреност во говорот, транспарентност во дејствувањето и зајакнување на јавната доверба, додаде иранскиот претседател.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation