Пентагон во петокот, 8 мај, објави голем пакет досега невидени документи и видеа за НЛО. Станува збор за најновата серија декласифицирани материјали што со години поттикнуваа теории на заговор во Америка.
Претседателот на САД Доналд Трамп објави порака на Truth Social веднаш по отворањето на досиејата.
„Додека претходните администрации не успеаја да бидат транспарентни по оваа тема, со овие нови документи и видеа, луѓето можат сами да одлучат: „ШТО, ПО ЃАВОЛИТЕ, СЕ СЛУЧУВА?““, напиша Трамп.
Потоа додаде:
„Забавувајте се и уживајте!“
Министерството за одбрана на САД отвори и посебен дел за НЛО на својата веб-страница со десетици досиеја, фотографии и извештаи за неидентификувани воздушни феномени.
На страницата има црно-бели снимки, фотографии и сведоштва за мистериозни летала.
Американски претставници најавија дека ова е само првиот дел од објавувањата.
Нов бран шпекулации започна уште кога поранешниот американски претседател Барак Обама во интервју изјави дека вонземјаните се „вистински“.
Подоцна објасни дека мислел на статистичка веројатност за живот во вселената, а не на директен доказ.
Американската влада со години собира податоци за НЛО.
Експертите предупредуваат дека дел од псведочените глеки на НЛО можеби немаат врска со вонземјани.
Можно е да станува збор и за напредни воени технологии на геополитичките ривали на САД.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет порача дека јавноста заслужува целосна транспарентност.
„Овие досиеја, скриени зад класификации, долго време поттикнуваат оправдани шпекулации и време е американскиот народ самиот да го види тоа“, соопшти Хегсет.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
