Поглаварот на Српската православна црква, српскиот патријарх Порфирије, разговарал со премиерот на преодната влада, Милош Вучевиќ и по тој повод укажал на важноста од зачувување на националното единство и „неопходноста од постигнување мир во нас и мир меѓу нас“, објави денеска веб-страницата на СПЦ.
Во соопштението се наведува дека разговорот се случил на 14 април, а освен со Вучевиќ, патријархот разговарал и со министерот за култура во заминување, Никола Селаковиќ.
„Соговорниците ја истакнаа важноста од зачувување на националното единство. Патријархот уште еднаш укажа на неопходноста од постигнување мир во нас и мир меѓу нас и ја истакна важноста од продолжување на плодната соработка меѓу Црквата и државата и општествените фактори за доброто на сите граѓани“, се вели во соопштението на СПЦ.