Партнерските компании добиле известување да ја прекинат работата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Администрацијата на Трамп го запре снабдувањето со витални лекови против ХИВ, маларија и туберкулоза во земјите поддржани од американската агенција за помош (УСАИД), се вели во меморандум во кој имале увид западни медиуми.

Изведувачите и партнерите кои работат со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) почнаа да добиваат известувања веднаш да ја прекинат работата, велат изворите. Овој потег е дел од поширокото замрзнување на американската помош и финансирање што Трамп ги нареди по преземањето на функцијата и ќе трае додека не се разгледа програмата.

Еден таков меморандум беше испратен до Chemonics, голема американска консултантска фирма која работи со УСАИД за снабдување со лекови за голем број болести ширум светот.

Меморандумот ги опфаќа активностите на компанијата во снабдувањето со лекови против ХИВ, маларија и туберкулоза, како и средства за контрацепција и за здравјето на мајките и децата, изјави извор од УСАИД и поранешен функционер на УСАИД.

– Ова е катастрофално. Донираните резерви на лекови одржуваат живи 20 милиони луѓе кои живеат со ХИВ. Тоа завршува денеска – рече Атул Гаванде, поранешен шеф за глобално здравство во УСАИД, кој ја напушти агенцијата овој месец.

Тој исто така нагласи дека „прекинот во лекувањето ги става пациентите во ризик од болест и, особено во случај на ХИВ, пренесување на вирусот на други. Тоа исто така значи дека може да се појават соеви отпорни на лекови“.

Поранешниот шеф на глобалното здравство во УСАИД додаде дека и другите партнери се известени дека нема да можат да доставуваат лекови до клиниките дури и ако ги имаат на залиха или отворени клиники ако се финансирани од САД.

– Ова исто така важи и за организациите кои работат со 6,5 милиони сирачиња и ранливи деца со ХИВ во 23 земји – рече тој.

На 20 јануари, денот кога положи заклетва, Трамп нареди тримесечно замрзнување на странската помош во очекување на оценките за ефективноста и усогласеноста со надворешната политика на САД. Во фискалната 2023 година, САД исплатија 72 милијарди долари помош обезбедија 42 отсто од целата хуманитарна помош, според податоците што ги имаат Обединетите нации во 2024 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article