Background

Папата Лав испрати порака по операцијата

Папата Лав XIV (71), кај кого беше потврден аденокарцином на белите дробови за време на операцијата, првпат се огласи по хируршката интервенција. Тој им се заблагодари на верниците за молитвите и порача дека и самиот се моли за нив.

Во меѓувреме, од Ватикан соопштија дека закрепнувањето на папата се одвива според очекувањата. Тој веќе почнал да се движи низ болничката соба и повторно се храни нормално.

– Како што знаете, овие денови не бев во можност да бидам меѓу вас. Од срце ви благодарам за вашите молитви и за работата што ја завршивте заедно. Вашата размена на искуства и внимателното слушање навистина се дар за целата Црква – напишал папата во пораката до учесниците на собирот по повод десетгодишнината од документот „Amoris laetitia“, чиј автор е неговиот претходник, папата Франциск.

- Advertisement -
Ad image

– Ве молам, молете се за мене, како што и јас се молам за вас – додал Лав XIV.

ЛПапата беше опериран во вторникот, 13 октомври, во римската болница „Агостино Џемели“, откако лекарите при рутински прегледи откриле јазол во белите дробови.

За време на операцијата било потврдено дека станува збор за аденокарцином на белите дробови, еден од најчестите видови рак на белите дробови.

Хируршкиот тим го отстранил долниот лобус од десното белодробно крило. Операцијата ја извел тим предводен од професорот Стефано Маргаритора, раководител на Одделението за торакална хирургија во болницата „Џемели“.

Самата операција траела околу 90 минути, а папата поминал приближно три часа во операционата
Според лекарскиот извештај, интервенцијата била успешна и поминала без компликации.

Ватикан објави и нов извештај за здравствената состојба на папата, потпишан од неговиот личен лекар, Луиџи Карбоне, и хирургот Стефано Маргаритора.

Во средата наутро, папата бил подложен на крвни анализи и рендгенско снимање на градниот кош. Според лекарите, резултатите се во очекуваните граници за видот на операцијата на која бил подложен.

Тој почнал и со респираторна физиотерапија, а веќе се движи низ болничката соба. Повторно се храни нормално, па во средата појадувал и ручал.

Лекарите соопштија дека закрепнувањето засега се одвива според планот. Сè уште не е познато дали ќе биде потребно дополнително лекување.

Во неделата, за време на обраќањето пред верниците на плоштадот „Свети Петар“, папата лично соопшти дека лекарите откриле јазол во неговите бели дробови.

Тој тогаш објасни дека промената била откриена во многу рана фаза и дека е јасно локализирана, поради што лекарите препорачале операција.

Иако интервенцијата завршила успешно, сè уште се очекуваат сите резултати од анализата на отстранетото ткиво. Лекарите треба да утврдат дали болеста се проширила и дали ќе биде потребна дополнителна терапија, како хемотерапија или имунотерапија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖