Ова се последиците од прекинот на испорака на руски гас за Европа преку Украина

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: A gas worker walks between pipes in a compressor and distribution station of the Urengoy-Pomary-Uzhgorod gas pipeline, some 30 km (19 miles) from the south western Russian city of Kursk January 4, 2006. REUTERS/Sergei Karpukhin//File Photo
- Advertisement -
Ad image

Извозот на руски природен гас во Европа, преку цевководи од советската ера што минуваат низ Украина, беше прекинат во раните утрински часови на новата година, бидејќи истече договорот за транзит и завојуваните Москва и Киев не постигнаа договор за продолжување на протокот.

Рускиот енергетски гигант Газпром во средата соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот по московско време, бидејќи договорот за транзит истекол.

Украина во средата соопшти дека транзитот на руски природен гас низ нејзина територија е суспендиран од 7 часот наутро по локално време, наведувајќи ја „националната безбедност“.

– Го запревме транзитот на руски гас. Ова е историски настан – изјави министерот за енергетика Герман Галушченко. Соопштението на украинското Министерство за енергетика уследи по истекот на петгодишниот договор меѓу Гаспром и украински Нафтогас.

– Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. Европа веќе донесе одлука да се откаже од рускиот гас – рече министерот Галушченко.

Деценија на затегнати односи

Затворањето на најстарата руска рута за гас за Европа стави крај на една деценија на тензични односи предизвикани од руското заземање на Крим во 2014 година. Украина престана да купува руски гас веќе од следната година.

Запирањето на протокот на гас се очекуваше поради војната, која започна во февруари 2022 година. Украина беше категорична дека нема да го продолжи договорот.

Транзитот на гас преку Украина сочинуваше приближно половина од вкупниот извоз на гас на Русија преку цевководи до Европа.

- Advertisement -
Ad image

Русија сè уште извезува гас преку гасоводот Турски тек на дното на Црното Море. Турски тек има две линии – едната за турскиот пазар, а другата за снабдување на потрошувачите во Централна Европа, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.

Европската унија ги удвои напорите за намалување на зависноста од руската енергија по избувнувањето на воениот конфликт во Украина во 2022 година, барајќи алтернативни извори.

Останатите купувачи на руски гас преку Украина, како Словачка и Австрија, исто така се договорија за алтернативни испораки.

- Advertisement -
Ad image

Во декември Австрија реши да го раскине долгорочниот договор со Гаспром, Словачка му се закани на Киев со одмазда.

Закани од Словачка

Словачкиот лидер Роберт Фицо, еден од ретките сојузници на Кремљ во ЕУ, ја осуди одлуката на Киев и како одговор отпатува за Москва за да се сретне со Путин.

„Прифаќањето на едностраната одлука на украинскиот претседател е целосно ирационално и погрешно“, му напиша Фицо на Брисел, нагласувајќи „голем финансиски ефект во комплициран економски период“.

Словачкиот премиер се закани дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија што очајно и треба на Украина, бидејќи нејзината сопствена енергетска инфраструктура е оштетена од речиси тригодишно систематско руско бомбардирање.

Молдавија, некогаш дел од Советскиот Сојуз, е една од најтешко погодените земји. Таа вели дека сега ќе мора да воведе мерки за намалување на потрошувачката на гас за една третина и прогласи вонредна состојба од 60 дена.

„Поради постојаното и јасно изразено одбивање на украинската страна да ги обнови тие договори, Гаспром е лишен од техничката и правната можност да испорачува гас за транзит низ територијата на Украина од 1 јануари 2025 година“, се вели во соопштението на Гаспром на апликацијата за пораки Телеграм.

Украина сега се соочува со загуба од 800 милиони долари годишно како транзитни такси од Русија, додека Гаспром ќе загуби речиси 5 милијарди долари од продажбата на гас.

Русија и поранешниот Советски Сојуз потрошија половина век обезбедувајќи голем дел од европскиот пазар на гас, кој на својот врв беше околу 35 отсто, но војната речиси го уништи тој бизнис за Гаспром.

Гасоводот Јамал-Европа преку Белорусија исто така беше затворен, а гасоводот Северен тек преку Балтичкото Море до Германија беше кренат во воздух во 2022 година.

Во комбинација, различните транзитни рути испорачаа рекордни 201 милијарда кубни метри гас во Европа во 2018 година.

Русија испорача околу 15 милијарди кубни метри гас преку Украина во 2023 година, што е намалување од 65 милијарди кубни метри кога започна последниот петгодишен договор во 2020 година.

Share This Article