Вкупно 2.262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од Првата светска војна се пронајдени и безбедно отстранети во близина на Тумбе Кафе во Битола. Убојните средства биле на околу 200 метри воздушна линија од последните куќи во градот.
– Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување последните денови ја заокружија бројката на 2.262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби, кои приближно тежат 1 тон и 100 килограми. Секоја од нив содржи по околу 60 грама експлозив, односно вкупно околу 135 килограми експлозив – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов Ангелов.
Тој им се заблагодари на пиротехничарите што учествувале во акцијата, особено на вработениот Ѓорѓи Стефанов.
Ангелов ги пофали и тројцата поранешни припадници на Министерството за внатрешни работи, кои сега се ангажирани во ДЗС со договор за дело.
Станува збор за Тони Тошевски и Зоран Смилевски, поранешни припадници на специјалната единица „Тигар“, како и Пеце Кокаровски, поранешен припадник на Одделот за антитероризам.
Тој посочи дека со нив бил соборец во 2001 година, а денес повторно работат заедно на задачи поврзани со безбедноста на граѓаните.
Ангелов ги повика граѓаните веднаш да пријават на бројот 112 доколку забележат неексплодирани убојни средства, вклучувајќи рачни бомби, гранати и минофрлачки проектили.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
