Откриени шокантни детали за дрогата и телефоните во затворите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, остро укажа на вкоренетиот криминал во македонските затвори, посочувајќи дека вистинската причина за неконтролираниот прилив на мобилни телефони, дрога и други забранети предмети е внатрешната корупција меѓу затворските полицајци.

– Имаме работа со вмрежена структура од вработени и затвореници. Ако не се справиме со корумпираните поединци, проблемот со телефоните и дрогата нема никогаш да го решиме – рече Пандов на денешната прес-конференција во Владата.

Според неговите проценки, во некои затвори повеќе од половина од вработените се вклучени во коруптивни активности, а токму тоа е главната причина што недозволени предмети секојдневно завршуваат во рацете на осудени лица.

Шокантна споредба: Во Македонија илјада телефони, во Хрватска – само 26

Директорот Пандов ги спореди македонските затвори со затворските системи во регионот, нагласувајќи дека во текот на девет месеци во македонските установи биле откриени околу 1.000 мобилни телефони, додека во Хрватска во цела 2023 година биле пронајдени само 26.

– Кај нас се работи за систем со сериозно наследена корупција, но она што охрабрува е што конечно постои силна политичка и институционална волја за справување со криминалот – изјави Пандов.

Нема да има блокатори, ќе има претреси

Идејата за поставување блокатори на сигналот за мобилни телефони била разгледувана, но е одбиена поради реалниот ризик да бидат погодени и соседните станбени и деловни објекти.

– Во Хрватска нема блокатори, а нема ни телефони. Најдобро решение е – чести и систематски претреси – рече тој.

- Advertisement -
Ad image

Нови вработувања и електронски алки за затвореници

Како дел од борбата против нерегуларностите, Пандов информираше дека се завршени сите процедури за електронски мониторинг на затворениците со алки, а во наредните недели тие ќе бидат ставени во функција.

Дополнително, од Министерството за финансии е добиена согласност за вработување на 171 нов кадар, најголем дел затворски полицајци, со што се очекува засилување на контролата и редот во установите.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article