Американскиот „Боинг“ откри нов софтверски проблем на авионот 737 Max, а европскиот концерн „Ербас“ ја проверува заштитната обвивка на неколку стотици авиони A321neo.
Боинговиот 737 Max е во центарот на најголемата криза во историјата на компанијата по двете несреќи, во октомври 2018 и март 2019 година, во кои загинаа 346 лица.
Еден од клучните проблеми беше автоматизираниот систем за помош на пилотите, кој во одредени услови влијаеше на контролата на авионот. Поради ова, „Боинг“ мораше да го прекине производството на 737 Max, кое сè уште не се вратило на нивото од периодот пред 2019 година.
Инцидентите продолжија и во 2024 година, па Боингот 737-9 на средина од летот на „Алјаска Ерлајнс“ во САД остана без резервна врата. На чилеански лет на LATAM, Боинг 737-9 Дримлајнер одеднаш изгуби висина, а во инцидентот беа повредени педесет лица.
Оттогаш се појавија нови проблеми, вклучувајќи го и инцидентот во јануари 2024 година кога дел од трупот падна од речиси нов 737 Max за време на полетувањето, повторно покренувајќи прашања за контролата на квалитетот на „Боинг“.
Европскиот авијациски концерн „Ербас“ и италијанскиот „Леонардо“ го истражуваат проблемот со заштитниот слој на 500 авиони А321neo.
Проблемот беше откриен кога техничар на „Ербас“ отстрани боја од дел од трупот и пронајде празнини во заштитниот прајмер под него. „Ербас“ го потврди проблемот во петокот, по извештајот на Ер Карент.
Инженерските тимови на „Ербас“ и „Леонардо“ работат во TESI, подизведувачот на Леонардо јужно од Неапол, за да го решат проблемот и да ја утврдат неговата причина.
Ербас не сакаше да ги именува добавувачите, а Леонардо потврди дека соработува со TESI, но не откри дали таа компанија била ангажирана во работа за Ербас.
Проблемот беше пронајден во засилувањата на трупот на предниот дел од A321ne, а случајот повторно го привлече вниманието кон контролата на квалитетот и можните слабости во синџирот на снабдување, предупредуваат аналитичарите.
„Ербас“ има два добавувачи за тој дел од трупот, „Леонардо“ и „Ербас Атлантик“, порано „Стелија“, кој е одговорен и за целиот преден дел од авионот.
Сепак, „Леонардо“ има само еден добавувач на заштитни премази.
Tagged as:
Откриен дефект на Боинг-737 Max стотици Ербас-А321 се проверуваат
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
