Background

Остри реакции на хрватскиот државен врв по изјавата на Вучиќ за „Олуја“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера на комеморацијата во Мркоњиќ Град, ја нарече хрватската воено-полициската операција „Олуја“ од 1995 година злосторство што Србите не смеат да го заборават, на што денеска во Книн, на годишнината од операцијата остро реагираа хрватските политичари.

Вучиќ рече дека Србија никогаш повеќе нема да дозволи уште една Олуја или погром врз српскиот народ.

Зборувајќи за зајакнувањето на Србија, тој конкретно ја спомена армијата.

- Advertisement -
Ad image

– Напредуваме побрзо од другите, нашата економија напредува побрзо, растеме побрзо индустриски, растеме побрзо во секоја смисла. Не заборавајте, дури и во воена смисла, и се надеваме дека никогаш нема да ја користиме војската за одбранбени цели, и во таа смисла растеме најбрзо – рече Вучиќ.

Тој додаде дека „на неколку места“ слушнал дека некои чекаат „второ полувреме“.

– Ги молиме да не чекаат второ полувреме. Ги молиме да не го прават тоа, затоа што сакаме мир и добри односи со нив – рече Вучиќ.

Главниот државен обвинител Иван Турудиќ во изјава за медиумите по централната церемонија во Книн накратко се осврна на изјавите на српскиот претседател.

– Навистина не ни е гајле. Оставете го нека кука – рече тој.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ во обраќањето, меѓу другото, рече дека националните интереси диктираат Хрватска да се фокусира на себе.

Можеби ќе ве интересира

– Тие ни диктираат да се грижиме за себе и да бидеме лојални кон другите, учтиви ако е можно, и да не се занимаваме премногу со другите. Да речеме, што знам јас, со Србија. Соседна земја што беше спонзор на ова востание во Хрватска. Кога со години слушаме исти глупости, некои ќе речат ревизија на историјата… Историјата е еден вид интерпретација што може да биде поискрена или понеискрена. Верувам дека нашата интерпретација е искрена, но јас сум субјективен. Не секој ја гледа историјата на ист начин, но исто така мислам дека не треба да реагираме на секоја вербална глупост што доаѓа преку Дунав – рече Милановиќ.

Тој предупреди дека треба да се обрне внимание на вооружувањето на соседството, бидејќи тоа влијае на безбедноста и создава трошоци.

– Кога Србија се вооружува, со помош на некои од нашите формални и неформални советници и сојузници, мора да го поставиме прашањето колку ќе нè чини тоа и дали е фер игра – додаде Милановиќ.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека денешниот свет повторно нè предупредува дека мирот и безбедноста не можат да се земаат здраво за готово. Тој додаде дека руската агресија врз Украина, војните на Блискиот Исток, енергетските нарушувања, климатските катастрофи и сајбер заканите го менуваат начинот на кој државите ги штитат своите граѓани.

– Хрватска не се натпреварува со никого во оружје. Ние не се закануваме на никого, но не се плашиме од никого. Ќе знаеме како да одговориме на секоја закана – рече премиерот.

Нагласи дека Хрватска никогаш повеќе нема да биде неподготвена или незаштитена.

– Ако сакаме мир, мора да можеме да го одбраниме. Затоа инвестираме многу во хрватската армија, од оружје до зајакнување на сајбер безбедноста – рече тој.

Додаде дека инвестирањето во одбраната не е подготовка за војна, туку инвестирање во безбедноста.

Министерот за економија на Хрватска, Анте Шушњар, за изјавата на Вучиќ рече дека оние што испраќаат вакви пораки треба „да се држат настрана“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation