Background

Охрид Лихнидос на прво место во Втора лига: Со 2:0 го совлада Детонит Плачковица во Радовиш

Охрид Лихнидос оствари убедлива победа со 2:0 против Детонит Плачковица во заостанатиот натпревар од второто коло на Втората македонска фудбалска лига, со што се искачи на прво место на табелата.

———————————————————————————————————————————————————————–

Во заостанатиот натпревар од второто коло во Втората македонска фудбалска лига, избраниците на шефот на стручниот штаб Ромео Кочоски, Охрид Лихнидос, извојуваа победа со 2:0 на гостувањето кај Детонит Плачковица во Радовиш.

- Advertisement -
Ad image

Првото полувреме заврши без голови, 0:0, иако Охриѓани имаа целосен посед на топката и пропуштија неколку добри шанси за поведство. Сепак, во вториот дел од натпреварот, тимот на Кочоски продолжи со целосна доминација и во 52. минута успеа да ја отклучи одбраната на домаќинот. Матески постигна ефектен гол за водство од 1:0.

Предноста на Охриѓани беше зголемена наскоро потоа, во 69. минута, кога Јахја го зголеми резултатот на 2:0, погодок со кој беше поставен и конечниот исход на натпреварот.

Со оваа победа, Охрид Лихнидос стигна до нови три бода и се искачи на самиот врв од табелата, пред екипите на Пелистер, АП Брера и Работнички. Резултатот претставува важен пресврт за клубот, кој неодамна го регистрираше и својот прв пораз во сезоната, а сега со сигурна игра и целосна доминација против Детонит враќа самодоверба пред продолжението на сезоната.

По репрезентативната пауза, Охриѓани ќе се вратат на домашен терен, каде што ќе ја пречекаат екипата на АП Брера во нов важен натпревар за одбрана на лидерската позиција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖