Background

ОХРИД ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛЕН СИМПОЗИУМ НА ЛАБОРАНТИ ЗА НАФТА

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присуствуваше на 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати, што се одржува од 13 до 15 мај во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.

Во своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков истакна:

– Ми причинува особена чест и задоволство што овој голем конгрес чиј домаќин е компанијата ОКТА се одржува во Охрид, градот кој заедно со Охридсколто Езеро  како ретко и светски важно  културно наследство е под заштита на УНЕСКО.

- Advertisement -
Ad image

Овде во Охрид на секој чекор може да се почувствува чудесниот спој на остатоците на цивилизациите  и природните реткости, амбиент кој континуоирано  опстојува 7 илјади години.

Импресивен е бројот на учесници и изборот на темите на овој конгрес и гордо можам да кажам дека деновиве Охрид е домаќин на европската  елита којашто е дел од  битната стопанска дејност за снабдување со нафта. Тема која кај секој од нас побудува интерес. Верувам дека бизнис заедницата што денес е тука во нашиот прекрасен Охрид ќе ги презентира најновите достигнувања во оваа област.  

Во Охрид по разни основи доаѓале светски познати личности, трагачи по реткости и добронамерници. Сите биле добродојдени, го пронашле она што го барале се изненадиле позитивно од нашиов „магичен“  град и заминале со многу импресивни спомени кои ги терале повторно да се врат и да ги почувствуваат духот, убавините и спокојот на овој древен град надвиснат над бистрите езерски води.  Ова е градот во кој идеално се склопиле автентичното и модерното .Царскиот град  на Самуил, духовниот центар на Светите Наум и Климент, туристичката мека и медина која на сончевите езерски брегови привлекува милиони туристи од земјава и странство.

Пред крај на моето обраќање би посакал вашите стручни заклучоци  и практики да го носат предзнакот „како што беше соопштено на Конгресот во Охрид“. Со тоа длабоко сум уверен дека ќе оставите свој белег во милениумската историја на Охрид –подвлече Пецаков.

Пред присутните се обрати и генералниот  директор на ОКТА АД – Скопје, Димитриос Пасхос.

Симпозиумот претставува значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења и современи практики во областа на контролата на квалитет, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија. На настанот учествуваат претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Македонија,  Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и други.

Главен организатор на  настанот е АД „ОКТА“ од Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation