Пораките на европратениците се силна потврда за европската перспектива на Македонија и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес, порача првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали во врска со расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија.
Во дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија.
– Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Северна Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Северна Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба – изјави Сали.
Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес.
– Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство – порача Сали.
Во врска со сите прашања што се разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на ЕУ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
