Background

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба.

Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека “мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење”.

– Импровизирано третирање во затворски услови гарантира катастрофални последици поради несоодветните услови, особено кога неговото здравје континуирано се влошува – изјави Коцевска.

- Advertisement -
Ad image

Таа кажа дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот, и нагласи дека тој денеска со отворена рана по оперативен зафат е спроведен од болничку услови на судење.

– Ова ги премина сите човечки граници на хуман третман и сметам дека е неопходно да му се укине притворот и замени со куќен. Селективна примена на оваа мерка, само на двајца од вкупно 34 кои се товарат за исто дело, иако Дејан е со најлоша здравствена состојба. Мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење – изјави Коцевска.

Судијката Дијана Груевска Илиевски, рече дека судот е многу добро запознаен со здравствената состојба и поради итност со негова согласност е однесени на операција во петокот.

– Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа е денеска спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа – изјави Груевска Илиевски.

Јавното обвинителство, рече дека ги сослушале наводите и по разгледување на документацијата на крајот од денешната расправа ќе одлучат дали ќе се произнесат или тоа ќе го направат писмено.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation