Од денеска тече рокот за пријавување за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од денеска тече рокот за пријавување за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, информира Службата за општи и заеднички работи (СОЗР).

Огласот е поделен на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на поединечни сегменти на комплексот или за комплексот во целина.

Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.

Изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку системот кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи.

Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1 јуни годинава.

Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел. Не функционира  веќе шест години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби.

Од СОЗР редовно ги подмируваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично, како што посочуваат, досегашните финансиски загуби достигнаа сума од околу 350.000 евра.

Share This Article