Background

ОД 2020 ДО 2024 ГОДИНА ОПШТИНИТЕ ГЕНЕРИРАЛЕ 47,7 МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛГ ЗА ДАНОЦИ

Во периодот 2020–2024, општините акумулирале речиси 3 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, како резултат на слабости во правната рамка, застарени методологии, нецелосни регистри, недоволни административни капацитети кои не обезбедуваат ефикасно фискално управување на локално ниво.

Ова го покажа ревизијата на успешност на тема „Ефикасноста на мерките и политиките за администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци“ што ја спровел Државниот завод за ревизија.

Ревизијата заклучила дека општините не ги користат во целост расположливите фискални капацитети за прибирање на даноци, такси и надоместоци (навремена наплата, камата за задоцнето плаќање и спроведување на присилна наплата), поради што генерирале 2.934.384.000 денари (47.761.274 евра) ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци во периодот 2020 – 2024 година, а извршиле отпис на 233.895.000 денари (3.803.170 евра).

- Advertisement -
Ad image

Од вкупно ненаплатените побарувања по основ на данок на имот, 67% или 1.163.814.000 денари се постари од 5 години, што укажува на слабиот фискален напор на општините.

Само три комунални такси (фирма, односно назив на деловна просторија, користење на простор пред деловен простор и користење на плоштади и друг простор во градовите и другите населени места) се администрираат и наплатуваат во над 50% од општините, додека останатите 5 комунални такси се администрираат и наплаќаат во помалку од 25% од општините.

Отсуството на јасно утврдени критериуми за одобрување и плаќање на надоместокот за уредување на градежното земјиште на рати, различната пракса во обезбедувањето на побарувањата (банкарска гаранција и изјава на нотар) и нецелосното следење на наплатата, во 14 општини акумулирале ненаплатени побарувања во висина од 826.399.000 денари, за периодот 2020-2024 година.

Генерално руралните општини, со исклучок на општините: Петровец, Илинден и Чучер Сандево се со послаб фискален капацитет во однос на урбаните општини.

Има само еден инспектор од Управата за јавни приходи и само 16 даночни инспектори во сите општини, кои вршат проверка дали обврзниците ја пријавиле својата обврска за данок или комунална такса, а немаат надлежност да изрекуваат глоби.

Ревизијата утврдила дека постојната правна рамка не предвидува ажурирање на регистарот на недвижен имот по службена должност, роковите за плаќање на даночните решенија не се прецизно дефинирани, не е регулиран начин на нивна достава, а постојат и ограничувања во спроведување на ревизија на пазарната вредност.

Според извештајот, методологијата за пресметка на вредноста на објектите е застарена и не ги опфаќа новите видови на објекти и материјали, се применуваат цени кои не се ажурирани со години кои не ја рефлектираат реалната пазарна вредност, што резултира со потценување на даночната основа и намалени приходи за општините. Имајќи предвид дека само 15 општини имаат спроведено ревизија на пазарната вредност укажува на нееднаква примена на прописите во системот на оданочување на имот.

„Ресурсите со кои општините располагаат во процесот на администрирање на даноци, такси и надоместоци, односно различните софтверски решенија, не пополнетоста на работните места во даночните единици, малиот број на проценители вработени во општините не обезбедуваат правилно, целосно и навремено администрирање на даноците, таксите и надоместоците. Исто така, нецелосните регистри на недвижен имот, невоспоставените регистри за подвижен имот и комунални такси, регистри во хартиена форма за надоместоците, како и неповрзаноста на системите го отежнува администрирањето и наплатата и го оневозможува реалното следење на обврзниците и нивните обврски“, се наведува во извештајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation