Background

Од 15 директори на јавни комунални претпријатија во Белград, само еден од нив има месечен приход помал од претседателот на Србија што изнесува 253.656,20 динари, според нивните имотни листи

Од 15 директори на јавни комунални претпријатија во Белград, само еден од нив има месечен приход помал од претседателот на Србија што изнесува 253.656,20 динари, според нивните имотни листи, што ги пријавиле во Агенцијата за спречување на корупција, објави Данас.

Од најновите јавно достапни податоци, Владан Ѓукиќ, кој е на чело на ЈКП за погребни услуги има примања од 523.000 динари месечно, околу 4.450 евра. Платата му е 273.000 динари, а пензијата од воено осигурување е 250.000 динари.

Првиот човек на Инфостан, компанијата што наплаќа комунални услуги за граѓаните на Белград, Александар Кемивеш, добива 343.227 динари месечно, околу 2.900 евра, од кои 268.246 динари се плата, а 74.981 динари се надомест за членство во УО на Агенцијата за развој на Србија.

- Advertisement -
Ad image

На трето место со 329.703 динари е директорот на „Зеленила Белград“ Душан Тојагиќ, кој има плата од 270.005 динари, околу 2.300 евра, и 59.698 динари што ги добива месечно како член на НО на ЈП за развој на планинскиот туризам „Стара Планина“ Књажевац.

По него следува директорот на „Белградски Електрани“ Вања Вукиќ со вкупно 305.000 динари, околу 2.500 евра, што, ако се погледне само платата, е највисоко.

Александар Јакшиќ, директор на Градското станбено претпријатие, има „најсиромашни“ приходи од 252.000 динари.
Од друга страна, иако градскиот превоз во Белград е бесплатен, сепак постои јавно комунално претпријатие Наплата на узлуги за превоз кое го управува Ненад Ивановиќ и, според Агенцијата за спречување на корупција, тој прима месечна плата од 259.648,74 динари.

Андрија Младеновиќ како в.д. директор на претпријатието „Белградско метро и воз“ (Белград сѐ уште нема метро) има плата од 239.977,45 динари, но и уште 35.000 кои ги добива месечно од буџетот и други јавни извори, но не е прецизирано за што, објави весникот.

Претседателот Александар Вучиќ, според достапни податоци од 2025 година, има плата од 2.050 евра или 240.479 динари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation