Многу пропусти во објектот кој работел без дозвола утврдил обвинителскиот тим на првиот ден од увидот во остатоците од импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, каде ноќеска загинаа 59 млади лица, а 155 се повредени. Објектот бил обложен со запаливи материјали, немал противпожарна заштита, ниту дозвола за пиротехника, соопшти вечерва државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Со оглед дека увидот трае и ќе продолжи и утре, обвинителскиот тим сè уште нема дадено наредба за истрага, па затоа обвинителите до Основниот суд Кочани поднеле предлог за краткотраен притвор за 10 лица. Останатите приведени сè уште се на распит.
– Формирав обвинителски тим со двајца овинители од ОЈО Скопје, двајца од ОЈО Кочани и еден од ОЈО Штип, а во текот на денот го дополнив со уште еден од Штип. Дадовме наредби до МВР и до БЈБ да се апси секое лице кое со своето постапување или непостапување придонело за настанот и да се испита неговата улога – рече Коцевски.
Тој додаде дека издале низа наредби – за обдукции на загинатите, за анализа на одземени предмети, за одземање на видео записи од безбедносните камери, за претреси итн. Утре ќе бидат анажирани уште 3 до 5 обвинители од ОЈО Скопје, затоа што се работи за сложен премет.
– Денеска од увидот на лице место заедно со инспектри на ДЗС е констатирано дека објектот немал хидрантска мрежа и хидрант во функција, немало доволен број на противпожарни апарати според квадратурата, односно имало само 2. Немало две излезни врати за евакуација, туку една импровизирана метална врата на задниот дел на објектот, но истата била заклучана со катанец и без квака од внатрената страна и облеожена со гипс картон и со сунѓер за звучна изолација. Немало пристап за противпожарни возила од двете страни, согласно Правилникот за заштита од пожари. Внатрешноста на објектот била обложена со гипс картон, но не бил со огноотпорни својства. Немало спуштен таван со огнена отпорност од најмалку 30 минути, ниту врати со противпожарна отпорност од најмалку еден час. Немало систем за кочење на вратите, ниту систем за известување на пожар со јак звучен сигнал. Објектот бил обложен со непрописно со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно запаливи материјали – ги откри Коцевски вознемирувачките детали.
Во објектот, додаде, противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од 3 метри, без соодветна дозвола и без тоа да го прави овластено друштво со дозвола за пиротехника.
– Објектот е регистриран како деловен објект за лесна идустрија од 419 квадрати и не е извршена пренамена за угостителски објект. И покрај што нема пренамена, има дозвола од Министерствота за еконоимја како за угостителски објект, издадена пред 15 години – рече Коцевски.
Тој додаде дека ќе спроведат истражни дејствија за лоцирање на кривична одговорност на повеќе сторители за повеќе дела, како Тешки дела против општата сигурност, според член 292 во врска со 288 од Кривичниот законик, кривично дело Поткип и кривично дело во врска со пиротехниката.
– Лицата постапувале спротивно на правилата и мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност по луѓето од големи размери – рече Коцевски.
Тој откри и дека е сослушан еден од првите осомничени, еден од организаторите на настанот и е утврдено дека нема писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот.
Тој потврди и дека во полициска станица се врши разговор со поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
– Пропустите се навистина големи, тоа е ерозија на системот – рече државниот обвинител Љупчо Коцевски.