Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска поднесе обвинение против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид.
Обвинението за Ристов следи откако адвокатот Фехми Стафа се спогоди со судот за казна затвор од 1 година и 3 месеци за примање мито. Тој призна вина дека побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за укинување мерка притвор определена кон лице кое тогаш било недостапно на органите на прогонот.
Соочен со доказите на Oбвинителството, обвинетиот целосно ги призна и прифати наводите во обвинението, по што побара да се спогоди за висината на кривичната санкција.
Врз основа на постигнатата предлог-спогодба во која беа земени предвид сите отежителни и олеснителни околности, Основниот кривичен суд Скопје вчера изрече пресуда со која го осуди обвинетиот на ефективна казна затвор од 1 година и 3 месеци за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 7 од Кривичниот законик.
Со прифаќање на предлог спогодбата, сега осудениот ги потврди и наводите во обвинението согласно кои побараните пари биле со намена со поткуп да влијае врз конкретен судија од Апелациониот суд во Скопје за да издејствува укинување на мерка притвор.
Иако во конкретниот случај адвокатот бил фатен „ин флагранти“ со дел од поткупот и тие пари не стигнале до судијата, јавниот обвинител презеде и повеќе други дејствија и претреси при кои на 18.01.2026 година во домот на родителите на судијата во Неготино, пронајде вкупно 350.000 евра за чие потекло тој нема доказ и не ги пријавил.
Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите.
Ова предизвика основано сомнение дека овој осомничен во периодот од 10.02.2020 година, како службено лице судија во Апелациониот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена давал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи.
Од поведувањето на постапката јавниот обвинител презеде повеќе дејствија со кои обезбеди цврсти докази во однос на сопственоста на парите, со што се потврдија елементите кои го исполнуваат битието на кривичното дело – Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а. Имајќи го предвид доказниот материјал за располагање со имотот во периодот од 2020 година до денес, во корелација со начинот искористен за криење на пронајдените пари, се обезбедија докази кои укажуваат на обележја и на кривичното дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител продолжува да презема дејствија до целосно испитување на сите аспекти наy сомнежите за коруптивни дејствија и потенцијална инволвираност и на други лица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
