Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10 дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач со што во тек на летото ќе почнат работите на терен – од Крива Паланка до заедничкиот тунел со Бугарија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8 што се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Николоски рече дека на втората фаза од пругата кон Бугарија се работи интензивно и треба да биде завршена до 2028 година.
Во однос на изградбата на заедничкиот тунел со Бугарија, рече се надева дека по изборот на владата во Бугарија ќе продолжат активностите со цел овој проект да биде завршен навреме бидејќи ннема промени во планот до 2030 година.
Во однос на западното крило од железничкиот коридор 8, Николоски рече дека е потребно да се реконструира пругата од Скопје – Тетово- Кичево и да се интензивира изградбата на железничкото поврзување кон Албанија, но потсети дека е потребно и албанската страна да покаже дека на терен работи на поврзувањето.
-Како што реков и за авопатското поврзување со Албанија тоа важи и за железничкото поврзување. Ако видиме дека Тирана прави напори на терен да се изгради нејзиниот дел од коридорот ние ќе направиме напор да ги изградиме автопатот и железницата до Ќафасан – рече Николоски
Николоски, како што рече, е задоволен од работите на автопатското поврзување од Коридорот 8 каде што источниот дел е веќе при крај, а на западниот дел се работи интензивно. Засега проблематичен е делот од Охрид до Ќафасан, бидејќи се чека мислењето на УНЕСКО, но беше дециден дека овој дел од автопатот ќе се изгради по сегашната или по нова траса.
Николоски рече дека планираните финансиски средства од 1,2 милијарди евра на ЕУ за целосно завршување на Коридорот 8 практично се малку.
-Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра – рече Николоски.
Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека Коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.
– Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од Коридотот 8 -посочи Нупнау.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
