Обилните и интензивни снежни врнежи ја блокираа областа Голо Брдо, населена главно со Македонци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обилните и интензивни снежни врнежи ја блокираа областа Голо Брдо, населена главно со Македонци.

– Дебелината на снежната покривка е повеќе од половина метар. Сè уште врне. Сите патишта се непроодни. Низ селата чистиме сами со лопати, но без некоја поголема потреба не излегуваме – изјави за МИА, Клајди Халили жител на селото Требиште.

Според него засега нема проблеми во нормалното снабдување со електрична енергија.

Дека оваа област е завеана во снег објави и Топ чанел. Телевизијата наведува дека  големи снежни врнежи и ветер има и во други делови на општина Булќиза, каде територијално припаѓа поголем дел од областа,  а поради недоволна механизација не може да се интервенира во сите делови на општината.

 

Според весникот „Илинден” непрооден е и патниот правец од Требиште кон граничниот премин Џепиште, на албанско- македонската граница кај Дебар.

Овој патен правец е од посебна важност, бидејќи, во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, поради близината,  истите ги транспортираат до Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде секогаш излегуваат во пресрет.

Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци ја сочинуваат 22 населени места.

Share This Article